По неколку месеци работа од дома, без вежбање и со јадење глупости, стресни ситуации, човек скоро и не посветува внимание на сопственото здравје. Тука те наболува, таму нешто те боцкало, ништо, ќе помине.
Но започнуваат да се трупат килограми, да ти биде тешко и да се осеќаш тешко и непријатно.
Колку и апликации да симнеш на телефон и на компјутер, нештата не се случуват ако не се земеш во раце и почнеш да работиш на своето здравје и да внимаваш.
Враќајки се во канцеларија бев приморана да посветувам малку повеќе време на храната.
Важно е поради неколку причини:
- Контролираш што јадеш - клетките во нашите тела растат, се размножуваат секоја секунда. Нашите тела се обновуваат и затоа ги користат градежните блокови на храната што ја добиваат, т.е. коja ja внесуваме. Ако ги храниме со ѓубре, не можеме да очекуваме да имаме здрави, функционални клетки и организам. Темата е огромна и секако има многу мислења на оваа тема. Постот е лично мислење и јас не ангажирам никого со тоа. Секој треба сам да се заинтересира, да собира информации и да носи свои заклучоци.
- Имаш план и не мислиш по цел ден што ти се јаде. Го намалуваш стресот. Не доручкувам пред работа. Не можам да стана и да јадам. Ми треба време да се рассонам. Ако немам план, околу 10 веќе мислам што ми се јаде и концентрацијата ми паѓа. Истото се случва и околу 2.30 попладне.
- Прашање на средства е. Да, поевтино е да си припремиш храна дома, одколку да купуваш. Не е ни толку тешко. Да, тоа бара планирање и малку поинакво купување на намирници, но вреди. И со тек на време, станува многу побрзо. Тука во Скопје да нарачате сендвич, салата или пица на работа ве чини најмалку 100-150 денари. Покасно ќе се сакате нешто слатко. Повеќето автомати не враќаат кусур. Ако немате ситни, барате кај колегите и накрај завршувате со неколку наполитанки, некои грицки во фиока. А знаејки дека се тамум тешко дека ќе останат до крај на денот. И тогаш се чувствувате непријатно и тешко.
- Јадеш разновидна храна.
- Фрлаш помалку отпадоци и користиш помалку пластика. Сите нарачки со храна доаѓаат во амбалажа за еднократна употреба. Таа се користи за многу кратко време, и прашање е дали повеќето од нив може да се рециклираат и дали воопшто се рециклираат.
Непријатност е што носиш дополнителен багаж до канцеларијата и враќаш празни кутии. А, понекогаш ги забораваш на работа.😊
Најлесно за ручек е салата. Во последно време ми излегуваат многу салати од наут на Инстаграм и решив да пробам. Фотографиите се секогаш многу примамливи, но понекогаш рецептите бараат премногу производи, ми изгледаат чудно и не ми се допаѓаат.
Оваа рецепта беше едноставна - като грчка салата с наут 😀 од Instagram профилот на Nourishing- Loaded Greek Chickpea Chopped Salad
Продукти
- 1 среден домат, исецкан на парчиња
- 1 краставица, исецкана на полукругови
- 1 зелена пиперка
- 1/4 глава чрвен кромид
- 1/2 конзерва исцеден, измиен наут
- околу 50гр кравјо сирење
- маслинки Каламата на око
- За дресинг:
маслиново масло, јаболков оцет, сол, суво оригано
Би сакала да дадам точни количини за дресингот, но не сум по точните мерки. Да кажеме дека дресингот е дотеран "уметнички" на око 😂.
Та, се се става во танир, се зачинува и салатата е готова.
Втората салата со наут исто е од интернет, но не паметам од каде. Цела конзерва наут ми е многу за едно јадење и со комбинирање на состојките, може да се уклопи во планирање на ручек на работа за три дена.
Продукти
- Наут
- Црвен грав (вкупно околу 100гр)
- мала конзерва туна
- 3-4 листа марула
- 1/4глава чрвен кромид
- 5-6 маслинки
- За дресинга: маслиново масло, јаболков оцет, сол, малку бибер
Се се меша и се зачинува.
Никаква филозофија! Доколку имате уште грав, може и него да го направите на салата за третиот ден.😎
Во зависност од сезона, двете салати испаѓаат ококу 300 денари.
Времето за приготвување исто е релативно. Може да се припремат од вечер, со тоа што зачините се стават во посебна мала тегличка и се додадат пред јадење.
Вечер салатата ми е спремна за 5 минути, наутро - за 15. 😅 Убаво што е докажана релативноста на времето, ама до толку ...
Пријатен ручек!