- 1кг свеж карфиол
- 150гр овче млеко (или тоа што има, може и јогурт)
- 3 с.л. зејтин
- сол, копар на вкус
- (чисто за проба во дел од преливот ставив мајонез без јајца, не беше лошо)
Карфиолот се мие добро, се упива со кујнска хартија и се дели на мали парчиња. Се става во тањири. Тие кои не можат да го јадат свеж, можат карфиолот да го сварат во солена вода или на пареа, но треба добро да се исцеди зашто водата ќе го направи преливот премногу течен. Во средно голема тегла со капак се стават останатите продукти, се мешат добро и со тој прелив се залева карфиолот.
Децата обично го јадат карфиолот сварен. Со помалите се` уште работиме на делот со јадење на свеж зеленчук.
Вкупно - околу 150 денари.