Рецептите на македонски

За мене


   Здраво, јас сум  Маријана  и овој блог го започнав пред осум години, кога ми дојде преку глава да ми се објаснува колку е тешко фамилија да се храни здраво бидејки е скапо. Подобро да купувам тоа што е во продавница -  другите подобро знаат што треба да јадам. А и полесно е. 

    Да, но не сакам да ми кажуват што да правам и кое е подобро за мене и за моите деца.


 Посебно придружено со коментар: „Многу е вкусно и здраво, без конзерванти е, био“.  И кога на етикетата на една тегличка со бебешка храна прочиташ дека во 180гр. 8% е месо или 10% зеленчуци, а другото е скроб и тестенини, а од друга страна детето не требало да јаде алергени, глутен, се замислуваш дали нешто не е во ред со тебе. Така започнав да ги запишувам и да ги сликам рецептите кои ги спремав дома, како и пресметка колку пари сум потрошила за нив.

 Едно доведе до друго и почнав да си носам храна на работа. Зашто да готвам за едно јадење дома, а на работа да купувам?  Понекогаш не ми се носи храна од дома. Носам лаптоп, моја ташна, храна во посебна торба... Со Корона - ситуацијата одам пешки 20-30 минути до местото од каде ме собират колегите. Секој ден.

    Со тек на време и јас и децата имавме различни проблеми со здравјето и верувам дека тоа што сме поминали полесно е заради исхраната.
    Последниот предизвик беше Хоџкиновата болест на најстариот син. На негови 15 години мораше да помине шест циклуси хемотерапија, во едно да започне прва година средно и од еднаш цело друштво беше приморано да биде затворено дома заради Корона пандемијата. 



Често слушам: „Како успеваш со три деца и сите обврски?“ Одговорот е едноставен: план и обврски за секој член од фамилијата. (Со исклучок на мачката😃 )

Верувам дека секое дете треба да има обврски дома и треба да знае да си спрема јадење.

Не зошто нема кој да им ја спреми. Сите овие навики се учат од дома - да си чист, среден, да знаеш да се снајдеш и да јадеш, да раскренеш после себе, да се погрижиш за домашен миленик, да не касниш за училиште и да имаш напишани домашни и спремен ранец. 

Во Скопје сум веќе 17 години. Правам компјутери и носам графички картици😀 Тоа кажувам кога ме прашуват децата. Имам огромната среќа и задоволство да ми бидат достапни најновите технологии и модели на хардвер, како и еден куп гаџети. 
Дигитален маркетер, помошник во уредувањето на страната и социјалните медиуми на Бугарското недено училиште „Здравеј“ во Скопје.

Возењето точак, трчањето и пешачењето ми помагат да пронаоѓам заборавени места, да одморам и да „наполнам батерии“.  Ми фали вежбањето јога и дружењето со  Сурија, засега вежбам дома. 

Блогот е моето место да споделам искуства, мисли и се друго што ме интересира.
Мајчинство, организација и олеснување во домаќинството и работата, DIY, фотографија, моите тех-играчки, интересни места и милион други нешта.