Рецептот е од еден мој омилен блог Honey and milk и трпи многу измени.
Вчера состојките беа:
- 1 јајце
- 3/4 чаша јогурт
- 1/4 чаша маслинов зејтин (зашто заборавив да го извадам путерот од фрижидер)
- 2-3 супени лажици мед (на око+малку од мајсторот)
- ванилин шеќер, но ако имав ванила екстракт, тоа ќе ставев
- 2 чаши обично брашно
- 1 чајна лажичка прашок за пециво
- 1/2 чајна лажичка сол
- 1/2 чајна лажичка сода
- 2 рендани на ситно моркови
- сокот и малку кора од 1/2 лимон
- семките од една калинка (тука беше голема занимација со чистењето, пола ги изедовме)
Вкупно ~ 120 денари за 12 големи мафини.
Во тој варијант на рецептот најмногу качува цена медот.Затоа доколку се користи шеќер цената би паднала на 70-80 денари за 12 парчиња. Малку се повлажни од мафините со обично млеко.
Еден мафин и ореви беа ужината на ученикот и нашиот десерт со кафе на работа.
Ручекот - просото од вчера и витаминска салата.
Витаминска салата - наш варијант:
- 100 гр моркови
- 10 гр целер корен
- по 100 гр трупка, дајкон, цвекло и зелка
- 2 листа марула за боја
- малку лук, сол, јаболков оцет и зејтин
Вечерата беше на брзинка - крем-супа од компир со морков и брокула (за 2 пати јадење на сите нас петорица - 90 денари) и салата домати, краставица и зелена пиперка ( 30 денари).
За утре - една брза салата со туна и моркови.