Рецептите на македонски

Брза салата со кинеска зелка

Досега сум ја гледала кинеската зелка во продавница и на пазар ама некако немав храброст да земам и да пробам.
Пред некој ден маж ми донесе и морав да ја направам нешто.Обично првото кое ми паѓа на памет е салата.


Салата со кинеска зелка и ореви

За една доста голема порција ми беа потребни:
6 листови кинеска зелка
Chinese cabbage with carrots and walnuts1 средно голем морков
5 јаткасти ореви
1 варено јајце

Дресинг:
1/2 мала лажица сенф
2 големи лажици Extra virgin зејтин или масло од семки од грозје
1 голема лажица сок од лимон (може и 2)
сол
малку лук во прав (по желба)

Листовите кинеска зелка се сецкаат на тенки ленти, морковите се рендаат на крупни парчиња, се заливаат со дресингот и се промешуваат убаво. Јаткастите ореви се чистат од лушпите и се кршат на мали парчиња. Јајцето се дели на парчиња. Оревите и јајцето се посипуват врз салатата .

Вкупно: околу 40 денари

Барајќи информација за кинеската зелка, пронајдов публикации колку корисен зеленчук е тоа, но и предупредување.
Исклучително ниска калорина вредност, голема содржина на антиоксиданси, фибри, фолна киселина. Богат извор на витамини и минерали како калциум, калиум, манган, железо, магнезиум т.н. Го прочистува организмот при висока температура, воспаленија, инфекции, болки во грлото. Го улеснува варењето и уринирањето, ја активира мозочната активност и подобрува бубречната активност. Помага при кашлица, очни инфекции, чиреви и слично. Редовното консумирање на кинеска зелка го намалува ризикот од рак. Исклучително корисна е при кардиоваскуларни заболувања.
НО: Кинеската зелка содржи субстанци познати како "гоитрогени". При поголемата консумација на таа субстанца се потиснува функцијата на тироидната жлезда при што може да се предизвика отекување на тироидната жлезда - состојба позната како гушавост. Затоа е препорачлива во некои случаи на дисфункција на тироидната жлезда. Сепак, кинеската зелка може да се користи во умерени количини кај здрави лица. Морам да напоменам дека лекувањето се храна мора да се одвива под надзор на нутриционист и не треба да се превземат активности на своја рака.
Кинеската зелка може да се јаде свежа или готвена во јадења, комбинирана со пиперки, домати, моркови, јајца, сирење, пченка и сл, со јаки зачини (чили, лук, ѓумбир, соја сос), а во некои западноевропски земји ја консумираат и со овошје (јаболка, портокали, мандарини). 
Се на се, добра беше салатата, освежувачка, вкусна.