Рецептите на македонски

Кинеска зелка со авокадо и пилешко месо

Тоа е тоа - мора да се изеде целата кинеска зелка :)

Кинеска зелка со авокадо и пилешко месо


Испаднаа 3 средни порции од:
малку повеќе од пола кинеска зелка
2 ротквици
1/2 исчистено авокадо
малку пилешки стек или остатоци од печено пиле

Зелката се сецка на парчиња, ротквиците и авокадото - на средни парчиња. Пилешкото се кине на ситно. Се` се промешува убаво и се зачинува со дресинг од лимонов сок или оцет, зејтин и сол.
Брзо, едноставно...може за ручек, може за вечера.