Дефинитивно за да испадне како треба тој рецепт, сопругот (или дечкото) мора да се прежалат да прошетат до продавница. А оправдувањето: "Мала беше зелката, ми изгледаше симпатично." треба да делува мотивирачко и инспирирачко.
Еве и списокот за пазарење:
- зелка околу 1,5-2кг (добро е да биде бела, ама кога е "симпатична", нека биде таква црвена)
- 2-3 средни пилешки стека (околу 500гр), може и друго пилешко месо почистено од кожа и коски
- 1 домат или 200мл салце или доматно пире
- зејтин,магдоноз, сол и едно чешне лук
Досега не сум го добивала овој резултат - прилично лилава боја, ама и досега не бев пробала со црвена зелка. Ако децата сакат нешто поинтересно за јадење утре, еве идеја.
*Во наредна прилика ќе има и слика како изгледа тој рецепт со бела зелка.
Вкупно околу 300 денари со најскапите производи и најголемите количини од списокот;
порциите се 12-15.