Цвеклото не е меѓу омилените зеленчуци на децата. Но ако изгледа доволно интересно може и да помине :)
Денес верзиите се две: ладна и топла.
За топлата верзија треба малку припрема и доколку не се вари во уред за готвење на пареа, требаат повеќе садови.
● 1 средна глава цвекло
● 2 средни моркови
● 1 јајце
● лажичка сенф
● зејтин, сол
● лук во прав
Цвеклото и морковите се чистат и се сечат на парчиња, а потоа се варат на пареа 30-40 минути (или посебно во различни садови, за да не се обојат морковите), јајцето се вари 5 минути. Се припрема мешавината со зачини и со нејзе се залеват готовите топли зеленчуци, а одозгора се става исецканото јајце.
Еве ja и ладната:
Доволно заситува, за да послужи како ручек на работа.
- 1 средна глава цвекло
- 2 средни моркови
- 2 ореви
- магдоноз
- зејтин
- балсамико или лимон
- пола лажиче мед
- сол (ако е потребно)
Нема некоја голема филозофија- почистените и избришани со кујнска хартија зеленчуци се рендаат, искршените ореви и исецканиот магдоноз се додават. Пред јадење салатата се промешува добро со зачините. Повкусно е кога салатата е ладна. Доколку се носи на работа оваа салата, треба зачините да се измешат во друг мал сад со добро капаче, за да не тече. Ако од дома се` е измешано, тогаш зеленчуците ќе пуштат вода и ќе испадне нешто слично на ладна супа.
Вкупно -околу 15 денари.