Рецептите на македонски

Ролнички од тиквица

Еве денес ке ви пишам за еден посебно интересен вкусен рецепт, спреман за слава. По правило трпеза за слава треба да биде убава,богата и декоративна. Јас секогаш сакам да имам различни јадења и да експериментирам. Овие вкусни ролнички можат да се приготват за секаква пригода, закуска за пријателите,па и за домашно уживање. Дозата може секако да варира, но јас ке ви ја пишам единечната доза со една тиквица. Сега не е сезона на тиквиците, и малку се поскапи,но не е лошо да се знае и да се проба овој рецепт и вон сезона.
Потребни состојки:
  • 1 тиквица
  • 50 гр. урда 
  • 20 гр. сусам (печен)
  • 1 мало чешне лук
  • магдонос
  • 1 морков
  • 50 гр. пченка (варена)
  • маслиново масло
  • сол
  • француски магдонос (за декорација)

Тиквичките се сечат на долки тенки ленти,се попрскуваат со малку маслиново масло и се печат на плотна од ребрастата страна малу за да омекнат. Потоа и морковите се печат на плотната исечени на долги тенки лентички. Кога ке бидат готови, се оставаат да се изладат. Во меѓувреме ја ставаме урдата во еден сад и внатре ставаме истолчен или исецкан лук, магдонос и печен сусам. Сето тоа се меша убаво и филот е подготвен. Потоа земаме тиквичка и на крајот се става по една лажичка од филот и врз него една лентичка морков и неколку зрна од пченката. Се завиткуваат во ролна и се украсуваат со француски магдонос. Од една тиквица изегуваат околу десет парчиња.
Оваа идеја беше моја но вие можете да го менувате составот според вашиот вкус. Цената ќе биде според тиквиците во сезона, но за ова задоволство вреди и да се купи една поскапа тиквица !

Вкупно: 50 денари

Плескавички од тиквици

Овие плескавички се идеална замена за обичните плескавици од месо. Многу брзо и лесно се прават,и многу се меки, се топат во уста.

Потребни состојки:

•1 тиквица
•2 јајца
•2 лажици пченкарно брашно
•1 чешне лук
• магдонос
• мешан зачин или сол
• маслиново масло

Тиквицата убаво се мие, се суши и се ренда целата со лушпа, на крупната страна на рендето. Се цеди од водата и потоа се става во длабок сад. Во неа се додаваат јајцата, брашното, лукчето, магдоносот и зачинот. Се се меша, со лажица се зема од смесата и се става во загреана тава со маслиново масло.
Кратко се пржат од двете страни и се вадат на салфета или кујнска хартија да се исцедат. Можат да се наредат врз пекарска хартија, да се нарасат со малку маслиново масло и да се испечат во рерна.
Најубави се топли и можат да се јадат буквално со се.
Пријатен апетит !

Вкупно: околу 60 денари


Тиква со кашкавал и жалфија

До неодамна време не јадев блага тиква освен на тиквеник. Знаеме дека никој не прави тиквеник како баба :) Но, и покрај прекрасните вкусни благи рецепти, не јадев блага тиква. Ситуацијата се промени кога започнав да варам на пареа за децата за оваа школка ужина. Случајно го пронајдов овој солен рецепт во една книга.
И така:
  • сварени на пареа кругови тиква
  • неколку листа жалфија
  • хималајска сол, бибер
  • кашкавал или моцарела
Врз тенко намазнета тава (или врз хартија за печење) се ставаат зачинетите со сол и бибер од двете страни кругови тиква. Одозгора се става по едно ливче жалфија и парче кашкавал или моцарела. Се пече во рерна додека се запече кашкавалот.
Со моцарела би испаднало повкусно, зошто таа се потпекува по различен начин.


Вкупно - околу 15 денари на порција

Претпоставувам тиквата може да се испече директно со зачините и кашкавалот  без да е сварена претходно на пареа.

Тазе ќопоолу или "мамооо, ама денес требаше да носиме ајвар"

Минатата недела децата од одделението на најголемиот син се договориле да мачкат леб со ајвар на голем одмор.
Се разбира дека има во продавница, но некогаш има лушпи или имаме киселини.
Пошто синковецот  кажа во 11,30, а во 12,30 тргнува во училиште, требаше да реагираме брзо.
Ќопоолу е скоро исто како ајварот. Од малото истражување кое направив тоа се состои во главно од модри патлиџани и лук, но се додаваат и црвени пиперки, во некои региони - домати, магдоноз. Дома ќопоолу се правеше со модри патлиџани и пиперки, малку лук, зејтин и магдоноз, крупно мелени, наполнето во теглички и стерилизирано.
 Благодарение на мојата свекрва, имаме во комора смрзнати печени и излупени зелени пиперки и модри патлиџани, но пиперките ми се видоа малку и претрчавме да купиме уште едно кило. Под итно испековме неколко пиперки, земавме и од одмрзнатите и ја направивме еј оваа убавина:


За три големи тегли ни беа потребни:
  • 3кг пиперки
  • 4 мали модри патлиџани
  • пола врска магдоноз
  • лук на вкус
  • зејтин 
  • хималајска сол и оцет (ако има домашен, уште подобро)
















Кај нас испадна дека имало и лута зелена пиперка од смрзнатите, па целата работа дојде маалку пикантна :) Излупените печени пиперки и модри патлиџани се пасираат со другите состојки и тоа е тоа. Одлично предјадење кое може да се искористи за кростини, како гарнир на јадења со месо.

Вкупно - околу 120 денари. 
 Не сум фан на мешањето во казан и цел ден обработки на пиперки и  што ли не, затоа оваа опција е многу полесна и поздрава. Да, се знае дека најдобро да се јадат свежи зеленчуците, но зимно време тоа не е можно. Затоа ги имаме и традициите за приготвување зимница.

Запеканка или солен кејк со урда и грис

Овој рецепт го открив случајно пред две години и долго време седеше во тефтерот.Му дојде времето додека барав предјадења за роденденот на мојот среден син. Од тогаш таа запеканка е меѓу нашите омилени јадења.Уште повеќе состојките се минимални,а испаѓа лесен солен кејк кој може да се јаде на доручек, за ужина, како ордевер или за јадење на голем одмор или во канцелација.
Продуктите:
  • 700 гр. урда
  • 150 гр. кисело млеко
  • 1/2 ч.ч. грис
  • 3 јајца (јас ставам големи)
  • 1 ч.л. сода бикарбона

Со вилушка се намачкува добро урдата. Посебно се матат јајцата, а содата се става во киселото млеко и се промешува. Кон урдата се додаваат киселото млеко,јајцата и грисот,се промешува добро.Се истура со округла тава  28см или голема правоаголна тава со хартија за печење. Може и само во намаслена тава, но мене ми доаѓапе мрсно и тој момент го попуштам. Се пече додека е готово на 180 степени. Тоа "готово" зависи од рерната, кај мене е околу 20 минути.



Вкупно околу 100-120 денари.
Убаво да се остави да се излади добро пред да се извади хартијата, а и за да се сече полесно.
Зборот не знам од каде потекнува, но не успеав да најдам аналогичен збор на македонски. Ако на некој му текнува посоодветен збор, слободно да напише во коментар.

Банички со зеленчук

  Пред доста време, додека бев на специјален режим на исхрана, еден ден во списокот ми беше запишано "баница со зеленчук". Но зошто во разделната исхрана корите не можат да се комбинират со сирење и јајца, спанаќ и урда исто не можеше, баница со зелка не сакам, започнав да барам рецепти. Накрај, како обично, испадна една луда комбинација од зеленчуците со кој располагав во фрижидер. И така, еве ги намирниците (со забелешка дека кај нас се се готви количински):
  • 1 пакување кори за баница
  • 1 тиквица
  • 3-4 средни моркови
  • 2 големи глави кромид
  • 150гр. пченка
  • хималајска сол и копар
  • 100гр кашкавал
  • малку зејтин
  • малку копар или свеж магдоноз (според желба)
Корите се сечат по должина на две еднакви ленти, околу 15см ширина.
Кромидот се сецка на тенки полукугови, тиквицата и морковите се рендаат на крупно и сиот зеленчук (со се пченка) се пропржува со малку сол, копар и зејтин, додека да се испари течноста.
Еве го нашиот творечки процес, кој во еден момент се претвори во пазење на корите од малиот готвач, кој реши дека и сурови корите се супер вкусни. :)


Кога ќе биде готов филот, започнува големото виткање на банички. Овој пат оставив малку сок од зеленчуците, за да пробам како ќе испаднат баничките доколку се намачкаат со смеса од сок и зејтин - дефинитивно имаше повеќе арома. По една неполна лажица се става во едниот крај, долгите страни се превиткуват кон средината и се завиткува мал ролат. Може да се намачка со малку зејтин од средината до крајот зошто кората доаѓа многу кон крајот.
 За да биде полесно, ги редам во тава обложена со хартија за печење. Одозгора се премачкуваат со путер или со зејтин ( или како во овој случај- со смесата од сок и зејтин), а накрај се нарасуваат со ситно рендан кашкавал. Може и без него, но мојата машка група бара да има. Испаѓаат околу 30 банички со должина околу 10см.
Последно кога ги броев корите, во едно пакување имаше 14.
Се печат околу 20 минути на 200 степени или додека добијат златна боја.
Кој може да чека, нека причека едно половина час. :) Кај нас тоа чекање беше скоро 10 минути :)



Вкупно: околу 120 денари.
Баничките можат да се јадат во училиште или во канцеларија,многу се лесни и вкусни.

Ситници за уживање во петок попладне

Денес е петок. Барем во Бугарија петок попладне е времето да се напиеш пивце со друштво или со колеги и тоа е денот на мајсторот. Тоа значи дека никој не работи. Еве еден скромен предлог за нешто како ордевер кој оди како со пиво, така и со изладено бело вино, но и со добра компанија.

Имаме огромни количини тиквици и домати кои морат да се искористат. 
Потребни се:
  • тиквици -4-5 парчиња
  • 2-3 пилешки стека исецкани на тенки правоаголни парчиња ( моите беа околу 800гр.)
  • 1 лажиче сенф
  • 2-3 мали доматчиња и 1-2 големи узрејани домати
  • 1 француско лепче или две домашни лепчиња со таква големина
  • мешавина од медитерански зачини, малку бибер, може малку зејтин и 1 чешне лук или сув лук

Тиквиците се сечат на долги тенки ленти и се печат на суво тавче од двете страни. Таа процедура ми е најдосадна, ама нема како. Исецкатите на ленти од 1см пилешки стекови се измешуват добро со сенфот и може малку зејтин и се печат исто на суво тавче. Накрај се потпекуваат и малите доматчиња исечени на кругчиња. 
Во меѓувреме во рерна се потпечуват кругчињата од леб од двете страни. Се сецкат двата крупни домати на ситно и се мешат со медитеранските зачини и малку лук. По една мала лажичка се става врз секое препечено лепче и се редат во послужавник или танири. Тоа е некој вид на брускети кои претставуват мали лепчиња со некој гарнир врз потпеченото лепче. Јас сакам една варианта со песто, тиквици и Грана Падано, но тоа ми беше побрзо.


Секое готово парче месо се завиткува со една лента тиквица, а потпечените домати се стават на парчиња леб.

Тоа е тоа. 
Околу 320-350 денари за 5 луѓе.
Убаво е да се има под рака уште леб, домати и зачини, зашто многу брзо ги снемува тие брускети. 

Тиквици полнети со сирење и пченка

Рецептот е лесен, нема кој знае што, но е типично пролетен. Тиквици, свеж зелен кромид, копар.

 Потребни се:
4 тиквици
1 зелен кромид
200гр сирење (убаво е и со козје)
200гр слатка пченка
4 гранчиња свеж копар


Тиквиците се сечат на пола по должината, потоа се бланшират во врела солена вода за 3 минути. Се изладуват, се вади срцевината и се остава на страна, а тиквиците се редат во намаслено тавче или врз пекарска хартија.

И тука започнува убавиот дел.

Сецкан ситно зелен кромид ( според мене со 2-3 парчиња е многу подобро) се пропржува сo 2 лажици зејтин колку да смени боја и се додава внатрешниот дел од тиквиците. Смесата се динста едно 5 минути. Во меѓувреме во друг сад се промешуват добро намачканото сирење, ситно исецканиот копар, смесата од тавчето и накрај пченката. Со неа се полнат тиквиците, се стават во загрејана на 180 рерна 15-20минути до златна боја. Рецептот е од тука.

Добро, но јас обично не ги читам до крај рецептите, а кога ќе дочитам, имам споредни дејности и ми излегува од паметот што сум прочитала. Затоа терам по кратката процедура (и без дополнителни садови за миење) - во тавчето го ставив кромидот, потоа тиквиците, смрзнатата пченка и кога се` ми изгледаше готово, ги ставив и намачканото сирење со копарот.
Многу вкусно и заситувачко јадење или предјадење кое некако многу ми оди со зелена салата (марула, рукола, листа од млад спанаќ, малку сусам или мелено ленено семе).
     
Како забелешка: би било супер кога тиквиците ќе бидат по 10 денари, но треба да се пази да не се постари и да имат веќе потвди семки; сирењето треба да се стави во вода за час, за да се извлече малку солта. Изладените тиквици и сирењето може да се избришат со кујнска хартија, за да не пуштат дополнително вода. Ако се исечат на кругови тиквиците, треба да се пази кога се вади внатрешниот дел и да не се направи дупка на дното, за да не тече филот.

Вкупно за 4-6 порции ( ако се направат кругчиња и се користи како предјадење испаѓат многу повеќе порции) - околу 220 денари ( со тиквици од 20 денари парче и со кравјо сирење).

Едно малечко раче брзаше да зема краставици и да копа по тиквиците додека сликав. :)