Знам дека е сезонот на тиква, праз и слично, ама ми дојдоа малку повеќе тиквите во кујна.
Минатата недела два дена супа од тиква, вчера печена во рерна и таман си мислев "пуу, ми остана уште едно мало парче за брз десерт" и денес нова количина. Затоа новото големо парче го исеков на помали и го сварив на пареа, ставив во кесички и замрзнав во фризер. Добро, но остана помалото за десертот.
Утре ученикот ќе носи една чаша тиква со ореви украсена со резени јаболко.
Количината сварена тиква е околу 600 грама, 4 бисквити, шака ореви, 1 лажичка цимет, 2 лажици суво грозје и 3 супени лажици мед, кафеав шеќер или друг засладувач.
Убаво се намачкува тиквата со вилушка, бисквитите и оревите се мелат на покрупно. Се` се размешува и се полни во садчиња. Се декорира со тенко исецкани парчиња јаболко.
Една пластична чаша за вода е доволна за едно поголемо дете или за возрасен.
Вкупно за 6 порции: 50
денари