Наредните неколку дена ќе направиме неколку традиционални рецепти . Убаво е да смениме од време на време.
Секоја постара домаќинка знае да прави гулаш. Тоа е едно од омилените стари јадења, кое се правело многу често и се сметало за вистинска гозба. Многу едноставно се спрема. Но сите го избегнуваат зошто месото треба да се вари малку подолго. Тоа не мора да биде проблем, бидејки месото може да се свари и од вечерта, па следниот ден да го спремите многу брзо.
Го подготвувам на мој начин, и превкусен е.
Потребни состојки :
- 500 гр.јунешко месо
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 1 парче праз
- 500 гр. сок од домати или доматно пире
- мешан зачин или сол
- црн пипер
- магдонос
- 1 пакување макарони (обични или интегрални)
Месото се сецка на мали парчиња и се вари околу два саати,убаво да омекне (во меѓувреме се додава вода колку е потребно). Не се става масло. Откако ке се свари на крај се остава малку вода и се додава во тенџерето сецканиот кромид, празот и рендан морков. Се остава да се издинстаат малку заедно и штом испари водичката се додава доматното пире или сок (или рендани свежи домати). Се посолува, се зачинува и се остава да динста со доматите уште 20-30 минути. На крај се додава и магдоносот. (немав магдонос, ставив малку сув, но не се приметува на сликата) Макароните се варат на стандарден начин, се цедат и се сервираат со гулашот. Убава комбинација е и со пире од компири.
Пријатен апетит !
Вкупно: Околу 250 денари