Долго време заборавам да ви го претставам овој рецепт. Количината е за два пати јадење, што е добро барем дома, зошто во текот на работната недела нема многу време за готвење. Да, чудесно е секој ден да имаме нешто различно, но тоа не е секогаш можно. Овој рецепт е од лесните, кои се припремаат брзо и испаѓаат голема количина.
И така, еве ги продуктите:
- 2 глави кромид
- 500гр пилешко чисто месо
- 3-4 моркови
- 3-4 кисели краставички
- 300гр печурки
- 1 пиперка
- 1 с.л. ситно исецкан корен целер
- 2 чешниња лук
- 2 с.л. доматно пире
- 1 ч.л. шеќер
- 1 ловров лист
- 1 винена чаша црвено вино (околу 60мл)
- штипка црн бибер
- 2 с.л. нишесте (густин)
- чубрица
- хималајска сол
Се сервира со компири, ориз или пилаф. Или со топол леб :)
Дома се бара да има повеќе сос за мацкање и обично ставам повеќе вода.
Се надевам дека идејата ви се допаѓа за неделен ручек.
Вкупно: околу 450 денари.