Немам нерви да чекам да се вари месо, а и морам да признам дека не сум баш некој фан на месото. До пред некое време не јадев праз. Еднаш седевме со мојата другарка Христина, она имаше спремено салце со праз, зејтин и маслинки. Така убаво ни тргна... Потоа се потсетив и на компир со праз на мајка ми. Добро ама јас секогаш морам да ставам и "нешто од мајсторот"и накрај испадна овој рецепт-
посна компир манџа со праз.
- 2кг компир
- 2 парчиња праз почистени
- 4 моркови
- мало парче целер
- мало парче пашканат
- 1 мек домат
- 1 чешне лук, сок, магдоноз и зејтин
Компирите се лупат и се сецкат на мали коцки, морковите на кругчиња, празот, целерот и пашканатот-на ситно. Празот, целерот и пашканатот се динстаат со малку вода, сол и штипка шеќер. Потоа се додават компирите, вода и кога ќе се сварат компирите, се додават ренданиот домат, лук, магдоноз и зејтин и тенџерето се трга од рингла.
Испаѓа јадење со весели убави бои кои ја топлат душата во ладното време.