Рецептите на македонски

Цеден сок?! Дај не ме замарај сеа со тоа!

"Абе ајде цеден сок, не се фолирај со тие здрави храни! Па што му е на тој купениот од продавнцица? Да не му фали нешто? Сите го пијат."
Колку од нас го имат правено тој муабет? Дали со познати, дали со роднини кои одбиваат да разберат дека не се` што седи на полица во продавница е стварно добро.

Нема поубав доручек од свежо исцеден сок - вкусен, заситува, витамини, минерали и сите останати битни ствари :)
Добро, но доста родители наместо да исцедат еден портокал (не се бара некоја посебна опрема за тоа), вадат кутија од фрижидер и за нив на тоа се сведува пиењето на сок. А кога на пакувањето е напишано дека има витамини такви и онакви- милина! Завршили сме работа, детето добило една порција овошје. Да, ама не! Ако еден свеж сок го оставиш, дури и во фрижидер, за неколку дена дали ќе се расипе? Тоа што не е природно не се расипува.
Количината додаден шеќер во купечките сокови воопшто не ја спомнувам, "природните" ароми исто. Затоа читајте ги информациите за содржината на пакувањата.

И така: пред некој ден правивме сок од портокали, моркови и јаболки. Во обичен џусер кој кошташе 2400 денари. Секој би сакал поспецијален, со разни екстри, но домашниот буџет е каков што е на нашево подрачие ... во секој случај инвестицијата вреди.
За еден литар чист сок ми беа потребни:

  • 5 портокали
  • 4 моркови
  • 1јаболко (толку имаше, но некои сортови пуштат доста сок и се благи)
Резултатот е на сликата - 1л бокал прекрасен тазе сок.
Добро би било да се измеша пола-пола со вода зашто овошните киселини се малку јаки за стомакот. 
Вкупно - околу 50 денари.

Сок може да се направи од доста видови овошје и зеленчук и сите тие сокови би биле многу покорисни за нашите деца од кутија купен сок. Непријатниот дел е кој да го измие џусерот :) 

Ако читат баби - драги баби, ние знаеме колку ги сакате вашите внуци. Затоа следниот пат наместо ќесичка или кутија сок, однесете им на внуците јаболки, ананас, портокал, моркови, сезонско овошје кое го има на пазар и заедно направете сок од нив.Ќе кошта помалку, а ќе биде покорисно и повкусно.