Обично викендот е период кога се претерува со храна (ако гостуваме на свекрвата тогаш работата излегува от контрола) затоа во понеделник малку полесна храна.
Припремата за школо беше круша и бадеми. За на работа -4 јаболки / 20 денари
Ученикот оди во дневен, а малите доручкуват во градинка.
Палента за 4 порции - 125гр - 10 денари, со сол, мало лажиче путер и водата би дошло околу 20 денари.
Салата правена дома - 30 денари за двајца.
Вечера: секоја жена мислам дека ќе се согласи со мене - губење на време, нерви и непотребен трошок е готвењето секој ден. Затоа припремата е за денес и утре.
Боранија ~100 денари за 2 пати јадење
Некои (како мајка ми) се навикнати да стават и компир внатре.
За диеталците една финта - доколку сте навикнати на малку покашести манџи, не бистра чорба, наместо да користите брашно за згустнување, пасирајте за 2-3 секунди манџата во тенџерето и еве - малку погуста консистенција.
Ако дома имате мажи како моите кои не сакат да јадат исто нешто за ручек и за вечера, тогаш за два ручека или за две вечери и таман количината. А доколку со време ви е текнало да си ставите зеленчук во замрзнувач, боранијата би коштала дупло помалку.

- 1 пакување жолта боранија 450гр - 60 денари
- 1 пиперка зелена -4 денари
- морков -1000гр - 3 денари
- домат, кромид,пашканат, зелени зачини по желба, 2 чешниња лук, маслинов зејтин - 30 денари
Некои (како мајка ми) се навикнати да стават и компир внатре.
За диеталците една финта - доколку сте навикнати на малку покашести манџи, не бистра чорба, наместо да користите брашно за згустнување, пасирајте за 2-3 секунди манџата во тенџерето и еве - малку погуста консистенција.
Ако дома имате мажи како моите кои не сакат да јадат исто нешто за ручек и за вечера, тогаш за два ручека или за две вечери и таман количината. А доколку со време ви е текнало да си ставите зеленчук во замрзнувач, боранијата би коштала дупло помалку.
Вкупно ~200 денари со дополнително пола леб и за бебето уште овошје.
Морам да спомнам дека со планирање и место каде да се чуват намирниците може да се помине и поевтино.