Рецептите на македонски

Сакам многу работи!

Сакам децата да ми бидат здрави, да живејат во почиста средина, на средено место, да се грижат за себе. Да учат работи кои ги предизвикуват да мислат, да бидат креативни, да читат, да бидат критични и да сакат да истражуват.
 На тие работи треба ние да ги научиме.
Ако чекаме некој друг да ни ја заврши таа најбитна работа, тогаш сме на погрешен пат.
Многу пати слушам "Еее, ние какви бевме на времето...што јадевме тогаш, исто, па еве не -здрави, прави" Е, да, ама не. Млекото стварно мирисаше на млеко и се буткавме кој да го собере кајмакот. Лебот мирисаше прекрасно, беше мек и вкусен дури и по 3 дена и додека да се вратам од продавница со два леба, едниот беше пола изеден. Сега ни продават млеко на растварање како свежо млеко, леб кој не не најадува, месо кое е полно со вештачка крв и еден куп адитиви. Зеленчукот и овошјето- не ни сакам да размислувам кога јадам јаболко и моите деца барат да јадат со мене.
Затоа сакам да се применуват законите, да се  контролира процесот на добивање на храната и чистотата на водата. Да се развива органско производство во Македонија и кога одиме на пазар да купувам убави домашни овошје и зеленчук, млеко, месо. Во школо на децата да не им се мачка леб со се и сешто и да ме убедуват колку биле здрави и колку ги сакали децата макарони со кечап и сирење. Во градинка сакам да не ги учат децата да јадат леб цел ден зашто не сакали да јадат друго. Ако на некој му е работата да контролира храна, да оди да и контролира- да си ја заврши квалитетно работата за која му плаќаме ние преку нашите даноци. Секој има обврски и одговорности кои ги прифатил со почнување на работа на некоја позиција. Луѓето се знаат, ако не се роднини по некоја линија, се школски. Ама дајте да не се лажеме. Затоа што ние ќе си одиме некој ден, тие што ќе останат по нас не треба да жалат и да не колнат за наследството и примерот кои сме им оставиле.
Сакам да го променам мојот свет.
Започнав со промена на исхраната на мојата фамилија.