Рецептите на македонски

Една од овие недели- неделно мени за надразнети стомачиња

Една од овие недели кога еден по друг дечките се болни.
Почетокот на деновите ни беше со цеден сок од морков и јаболко; бадеми, мед од Поречие. Средниот син што и да се случува, не се откажува од млеко со бисквити за доручек. Потоа круши, малку грозје..

Мени за неделата

Понеделник
ручек - палента
вечера-спанаќ со ориз
Вторник 

ручек- омлет ( едниот празен, другиот со праз, малку сирење)
ужина-грис со млеко
вечера - спанаќ со ориз

Среда-
ручек- компир на пареа
вечера - ориз на пареа ; за здравите-праз со салце и топол леб ;)

Четврток
ручек -манџа од млада зелка
вечера - ориз на пареа
Петок
ручек и вечера - компир манџа со праз, салата марула со спанаќ и краставица
Имавме многу чај, многу вода, цедевме сокови.
За викенд се надевам да нема температури, мрсули и слични и тогаш да имам време и да припремам и да пробам тоа што сум планирала.